Tuesday, December 11, 2012

Заштеда на вода



Водата треба да се штеди затоа што капка вода-еден живот.
Еве неколку совети за заштеда на водата:

  • *Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
  • Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате
  • *Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. *Само како ориентација, за туширање од четири минути користите од 75 до 150 литри вода.
  • Проверете дали вашиот дом е безбеден од протекување, затоа што многу домови имаат скриени места од каде што им протекува вода. Прочитајте си го водомерот пред и по два часа, во период кога не користите вода. Ако водомерот не покажува сосема иста состојба, тогаш со сигурност имате некое место од каде ви протекува вода.
  • *Чувајте шише со вода за пиење во фрижидер. Тоа е подобро отколку да ја истекувате водата од чешма, секогаш кога ќе сакате чаша студена вода.

No comments:

Post a Comment