Tuesday, December 11, 2012

Заштеда на вода



Водата треба да се штеди затоа што капка вода-еден живот.
Еве неколку совети за заштеда на водата:

  • *Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
  • Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате
  • *Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. *Само како ориентација, за туширање од четири минути користите од 75 до 150 литри вода.
  • Проверете дали вашиот дом е безбеден од протекување, затоа што многу домови имаат скриени места од каде што им протекува вода. Прочитајте си го водомерот пред и по два часа, во период кога не користите вода. Ако водомерот не покажува сосема иста состојба, тогаш со сигурност имате некое место од каде ви протекува вода.
  • *Чувајте шише со вода за пиење во фрижидер. Тоа е подобро отколку да ја истекувате водата од чешма, секогаш кога ќе сакате чаша студена вода.

Tuesday, December 4, 2012


Електричната енергија треба да се штеди затоа што многу вреди!

Еве неколку совети за заштеда на електричната енергија:
*Еден од најголемите потрошувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неопходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата а не рерната.
*Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија.
*Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така доколку има опција за кратко и економично миење треба да се одбере таа опција.
*Системот за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени со што би се генерирарала дополнителна заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постигнал 20 степени.
*Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” или пуштени кога не се во употреба. Со самото тоа тие трошат енергија речиси исто како да ги работите.
*Фрижидерот треба да биде поставен на ладно место подалеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински извор се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
*Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку бојлерот повеќе би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 kw тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
*
При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк речиси секој ден би се направило голема заштеда на сметката за електрична енергија.
*Не го оставајте премногу време фрижидерот отворен. На секој фрижидер му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.