Tuesday, January 22, 2013

Планета Земја

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еденприроден сателитМесечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијатапреовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години.

Земјина атмосфера

Земјината атмосфера има повеќекратна улога. Таа ја штити земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на земјата. Азотот и кислородот во атмосферата, заедно со земјиното магнетно поле, ја штитат земјата од радијацијата која би била смртоносна. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејки како што поминува времето таа станува се побледа и поретка.Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78% азот, 21% кислород, 0,93% аргон, 0,03% јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасови.



Слоеви на атмосферата:
  • тропосфера (до височина од околу 12км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температуратаопаѓа во зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа.
  • стратосфера (до височина од околу 50км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува. Ветровите кои дуваат во стратосферата достигнуваат брзина од неколку стотини км/ч.
  • мезосфера (до височина од околу 85км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата.
  • јоносфера или термосфера (до височина од околу 500км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува се до височина од 400км.
  • егзосфера. Егзосферата е прелазен прстор кон вакуумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 km.


Внатрешна градба на Земјата

Слично како и кај другите земјовидни планети, внатрешноста на земјата е поделена на повеќе слоеви:
  • Надворешна кора:
    • континентална;
    • океанска.
  • Земјина обвивка(мантл):
    • горен дел на обвивката;
    • долен дел на обвивката/
  • Јадро:
    • надворешно јадро;
    • внатрешно јадро (барисфера).
Горната обвивка, заедно со кората, се нарекува литосфера.
Податотека:Earth-crust-cutaway-ru.svg

Уреден училишен двор



За училишниот двор да биде убаво уреден, треба да се внимава да не се фрла ѓубре насекаде,да се засадат дрва и растенија кои не треба да се уништуваат, да не смее да се паркираат автомобили во дворот бидејќи учениците може да бидат доведени во опасност, да има игралишта на кои учениците ќе можат слободно да играат што сакаат  и сл. Треба да има посебни корпи за рециклирање на хартија, пластика и др.Сите ученици и наставници кои се вработени во училиштето треба да внимаваат на целото училиште и хигиената во него.
Еве неколку слики за тоа како треба да изгледа еден уреден училишен двор: